МАЛИТЕ КАРПОШАНИ ЌЕ ЈА НЕГУВААТ ТРАДИЦИЈАТА И КУЛТУРАТА
- март 15, 2017
- 0
Во детската градинката „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 1, денеска, се одржа презентација на проектот „Нематеријалното културно наследство и децата”. Проектот кој е под покровителство на УНЕСКО се реализира во соработка со Националниот комитет на Интернационалниот совет за традиционална музика и е подржан од Министерството за култура на РМ.
Пред присутните гости, проектот го презентираа м-р Ивона Татарчева и д-р Велика Стојкова Серафимовска, по што се разви и меѓусебна конструктивна дискусија. На денешната презентација, со соодветни точки се претставија и децата од големите групи. Учесниците се согласија дека, преку различни програми и активности и понатаму треба да се поттикнуваат најмладите, да ја негуваат традицијата и културата.