Делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош Христо Саракинов, денеска, по повод 123-годишнината од загинувањето на големиот македонски револуционер  Гоце Делчев, положија  свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата  Св. Спас во Скопје.

На свечениот чин,  висока владина делегација предводена од  претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за политички систем Љупчо Димовски и  министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски , исто така оддадоа  почит на  македонскиот херој Гоце Делчев.

Голем  број  на  претставници на политички партии, верски организации и здруженија на граѓани, почитувачи на ликот и делото на Делчев, на свечен начин  го  одбележаа  денот од погибијата на револуционерот, положувајќи свежо цвеќе.