Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска на свечен настан ги додели стипендиите за талентирани ученици и талентирани спортисти за учебната 2026/2027 година. На свечениот настан присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, советници, директорки на основнитe училишта, наставници, како и родители и други присутни гости. 

За талентирани ученици се доделени вкупно 57 стипендии, и тоа: • 33 стипендии од прва категорија, со месечен износ од 3.500 денари; • 24 стипендии од втора категорија, со месечен износ од 3.000 денари. 

За талентирани спортисти се доделени вкупно 22 стипендии: • 20 стипендии од прва категорија, со месечен износ од 3.500 денари; • 2 стипендии од втора категорија, со месечен износ од 3.000 денари. 

Стипендиите ќе се исплаќаат во период од осум месеци, во текот на учебната 2026/2027 година. Обраќајќи им се на добитниците, градоначалникот Сотир Лукровски им честиташе за постигнатите резултати и истакна дека поддршката на младите таленти е значаен дел од политиките на Општина Карпош.

Општина Карпош продолжува да вложува во младите и да обезбедува поддршка за развој на нивните знаења, вештини и спортски потенцијали.