Основно училиште „Лазо Трповски“

Училиште: Лазо Трповски
Урбана заедница: Карпош 3
Адреса: ул „Радика“ бр.9
Телефон: 02-  3071-657
E-mail: trpovskilazo@gmail.com 
Веб страна: www.lazotrpovski.edu.mk
Директор:  Соња Јовановска ( контакт:  075/ 210 640) sonjajovanovska67@gmail.com
Кратка биографија: Почетоците на воспитно-образовната и педагошката дејност на училиштето Лазо Трповски се во 1969/70 година, во новоизградената зграда. Училишната зграда е од цврста градба и располага со голем училишен простор на приземје и еден кат. Училиштето е лоцирано во средишниот дел на Карпош 3 на ул „Радика“ бр.9.

Реонот на Општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 3 што се простира на исток до ул „8 Септември“, на север до бул „Илинден“, на југ до бул „Партизански Одреди“ и на запад до ул „Љубљанска“.

Вкупната квадратура на училиштето изнесува 6492 м2, а на училишниот двор 65511 м2.

Во училиштето учат 490 ученици распоредени во 22 паралелка во една ипол смена. Во училиштето вработени се 53 лица кои остваруваат воспитно-образовна и друга административно-техничка работа. Наставата во ОУ „Лазо Трповски“ се одвива на македонски јазик. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици.

Училиштето е збратимено со ООУ „Лирија“ – општина Чаир

Патронен празник: 11 Април
Facebook