Традиционално, и оваа година верници на големиот христијански празник ,, Богојавление- Водици“ се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар. Пред насобраниот голем број на граѓани, на Железниот мост во населбата Влае, верниците од Општина Карпош и соседната Општина Ѓорче Петров, учествуваа во оваа верска манифестација. Прв, кој успеа да го фати крстот е Марјан Чадиковски од населбата Ѓорче Петров.

 

Според верувањето, оваа година Марјан ќе го следи среќа, успех и бериќет. Покровител на манифестацијата од црквата ,,Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров е Бојо Андрески, сопственик на Европскиот универзитет на Република Македонија, додека од црквата ,, Св. Пантелејмон“ во населеното место Нерези е Оливер Зафировски, директор на Детската клиника во нас. Козле.