Општина Карпош, во соработка со Организацијата на општинскиот Црвен Крст и Заводот за трансфузиологија на Македонија, организира крводарителска акција која ќе се одржи на 28.04.2026 година (вторник) во просториите на новата општинска зграда.

Општина Карпош е препознатлива по дарувањето на најголем број на крвни единици во што голем придонес имаат граѓаните од Карпош и Градот Скопје, институциите и организациите кои се на територија на општината, општинската администрација, вработените од основните училишта и детските градинки кои несебично учествуваат во месовното дарување крв.

Со цел што поголем број на дарувани крвни единици, Ве покануваме да бидете дел и оваа крводарителска акција на 28 април во период од 9 до 17 часот во новата општинска зграда.