Во  спортската сала во ООУ „ Војдан Чернодрински“, во  навивачка атмосфера   се одигра финалето на  кошаркарскиот  куп  по повод Деновите на Општина Карпош. Кошаркарите од ООУ „ Јан Амос Коменски“ со резултат од 30-16 ги победија своите врсници од ООУ „ Димо Хаџи  Димов“, и  станаа кошаркарски шампиони на овогодинешниот куп.

 

Победничкиот пехар  на прваците од  „Коменски“ им го додели претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев, честитајќи им го успехот им посака успешна  и професионална спортска кариера. На сите учесници во натпреварувањето им беа доделени и  дипломи.