Работниците задолжени за косење на нараснатата  трева од зелените јавни површини, денеска работат во урбаната заедница „ Владо Тасевски“. Во рамки на нивните редовни активности и задолженија, општинските служби, по претходно утврден план и динамика на работа, ја косат тревата и ги отстрануваат тревните растенија по рабниците од тротоарите на локалните (сервисни) улици, кои се под надлежност на Општината.

Освен  на оваа локација, работниците ја косат тревата и на потегот од паркот во Козле (спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“) в долж улицата „Васил Чакаларов“, кон населбата Влае .

Тековно, работниците за одржување на чистотата и хигиената на улиците и јавните површини, секојдневно метат и го собираат малиот џебен отпад.

Како локална самоуправа, постојано апелираме за  поголема свесност и совесност во одржување на животната средина и  на нашиот заеднички  јавен и урбан простор.