Општинските служби задолжени за косење на тревата и одржување на јавното зеленило, денеска се на терен во урбаните заедници  „Кузман Јосифовски- Питу“ и „ Пецо Божиновски-Кочо“, во населбата Козле. Почнувајќи од  локацијата кај Министерството за економија (ул, Јуриј Гагарин), тие в долж улицата,  го косат парковското блоковско зеленило,  завршувајќи  кај паркот во Козле, спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.

По претходно  утврден  план  и динамика, општинските работници кои ја косат нараснатата трева, во наредниот период, теренски ќе ги поминат сите четиринаесет урбани и месни заедници кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Освен нив, тековно и секојдневно, лицата задолжени за одржување на хигиената и чистотата на сервисните улици, ги чистат и метат локалните улици, кои се под ингеренција на Општина Карпош.

 Упатуваме апел до граѓаните и  до сите општествени чинители, заедно да ја одржуваме на високо и задоволително ниво хигиената и јавната чистота во нашата општина.