КООРДИНИРАНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ, СОБИРАЊЕ НА ОТПАД И КОСЕЊЕ НА ТРЕВА ВО ОПШТИНА КАРПОШ
- април 25, 2026
- 0
Со доаѓањето на пролетта и зголемениот обем на работа, општинските служби во координирана акција, работеа на терен за чистење на локалните улици од ситен и џебен отпад, но и расчистуваа создадени мини депонии од несовесни граѓани. Исто така ја косеа нараснатата трева на јавните површини, во сите четиринаесет урбани и месни заедници, кои се наоѓаат на територијата на Општината. По претходно усогласен план за акција, општинските служи на Карпош, задолжени за одржување на хигиената , им изглегоа во пресрет и на јавните претпријатија кои се во составот на Град Скопје, задолжени за одржување на хигиената и чистотата, како и хортикултурното уредување и одржување на парковското и јавно зеленило (Ј.П „Комунална хигиена“ и Ј.П „ Паркови и зеленило“) и заеднички ги чистеа главните градски сообраќајници кои транзитираат низ Општина Карпош и ја косеа тревата која се наоаѓа в долж главните градски сообраќајници.
Еден од главните приоритети како на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, така и на административните капацитети на локалната самоуправа е максимално одржување на чистотата и хигиената на територијата на општината, одржување на постојното зеленило, но и засадување на нови садници, како и подигнување во иднина, на нови зелени и парковски површини, во соработка со Градот Скопје и неговите соодветни јавни претпријатија. Меѓудругото, Општина Карпош во својата годишна програма секоја година предвидува засадување на нови садници и дрвја на однапред утврдени локации во Општината ( по претходно мапирање- онаму каде што е потребно), со средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.
Исто така, како Општина, постојано упатуваме апел до сите граѓани свесно и совесно да се однесуваат кон заштита и колективно одржување на заедничкиот урбан и јавен простор, односно отпадот да го одложуваат наменски на местата кои се предвидени за негово одложување: контејнерите на Ј.П „Комунална хигиена“, специјализираните контејнери за класифициран отпад, како и во уличните корпи за отпадоци, наменети за џебен отпад.









