КОНТИНУИРАНА АКЦИЈА ЗА КОСЕЊЕ НА БЛОКОВСКОТО ПАРКОВСКО ЗЕЛЕНИЛО ВО КАРПОШ
- април 20, 2026
- 0
Службите од Општина Карпош кои се задолжени за одржување на хигиената, континуирано ја косат и одржуваат јавната површина на своја територија, но редовно и акциски помагаат и на другите јавни претпријатија. Според надлежните службеници, оваа сезона косењето се одвива според планираната динамика, односно редовно и навремено се косат тревните површини во надлежност на општината со цел да им се овозможи на граѓаните безбедно и достоинствено да уживаат во природната средината, во текот на пролетните и летни месеци. Во таа насока, Општината континуирано презема активности за негување на зеленилото како и за редовно чистење и одржување на здравата животна околина на највисоко можно ниво.









