Во тек е конкурсот за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за новиот парк во Општина Карпош којшто ќе биде на површина од 60.000 м2,  . Паркот ќе се простира долж булевар „Илинден“, после Алпинистичката карпа до бунарите на река Лепенец.

 

Конкурсот го распиша Град Скопје, а право на учество имаат сите физички и правни лица.

 

Рокот за предавање на конкурсните трудови е 16.03.2020 година, а оценувањето на трудовите ќе го врши жири комисија составена од вработени во Град Скопје.

Вкупниот награден фонд за конкурсот е  620.000 денари и тоа:

 

– Прва награда 310.000 денари;

– Втора награда 185.000 денари;

– Трета награда 125.000 денари;

 

Предложениот дизајн треба да одговори на потребите на сите граѓани на Градот Скопје, меѓутоа и на оние во станбените населби во негова непосредна близина. Истиот треба да биде корисен, фунционален и одржлив преку оригинални, креативни и иновативни идеи.

Урбаната опрема треба да ги задоволува сите старосни групи, да биде ергономска, функционална, безбедна, како и лесно пристапна и одржлива.

 

На овој начин, Градот Скопје и Општина Карпош даваат една нова, додадена вредност на проектите, со тоа што постои вклученост на стручната јавност и граѓаните во планирање на јавниот простор.

 

Линк до конкурсот:

https://bit.ly/2SimNJS