КОВИД-19 ONLINE АНКЕТА – АНАЛИЗА НА ПЕРЦЕПЦИИ И СТАВОВИ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ОПШТИНА КАРПОШ
- декември 22, 2020
- 0
Почитувани,
Водејќи се од општо прифатените практики за испитување и анализа на јавното мислење и перцепии за актуелни прашања и теми, Ве молиме да одвоите 3 минити од вашето време и да одговорите на прашањата кои изминатите 10 месеци најмногу не мачат и загрижуваат сите нас – пандемијата со КОВИД-19 и како секој еден од нас се справува со овој вирус и како e информиран за здравствената криза.
Карпош секогаш настојува да го слуша гласот и ставовите на своите сограѓани, и врз основа на тоа понатаму да гради општински стратегии и политики, преку кои соодветно ќе ги унапредува локалните процеси и живеењето во заедницата.
Преку учеството во оваа анекта ќе дадете значаен придонес во развивањето на општинската стратегија за борба и заштита од КОВИД-19 и други епидемиски закани, кои подеднакво можат да го погодат секој од нас.
Општината Карпош, како дел од заедничкиот проект за утврдување на најдобри практики и алатки за заштита од Ковид-19 на локално ниво, учестува во изработка и спороведување на соодветна општинска стратегија, за да го подобри градењето на капацитетите на општинскиот кризен штаб преку промовирање на нов локален пристап кон заканите од заразни болести и епидемиски состојби. Во таа насока, општината се стреми кон промовирање активен локален одговор на ризиците и заканите од КОВИД-19.
Центарот за добро владеење и интегритет ХАБ Скопје со својот стручен тим се партнери при реализацијата на овој проект, кој е поддржан од страна на Програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој за и соработка-SDC.
Линк до online анкетата -> https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfcmzrHyCTY5bt-0j0FMsWaU7xg4YwQZVneG0Bt5DC6cpY6-Q/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0&gxids=7628
Ви благодариме однапред за учеството!
Општина Карпош и ХАБ-Центар Скопје