„КЛИМАТСКА ЅВЕЗДА“ ЗА ОПШТИНА КАРПОШ
- октомври 7, 2016
- 0
Синоќа, во градот Кремс во Долна Австрија, на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски свечено му беше врачено големото меѓународно признание „Климатска Ѕвезда 2016“.
На тој начин Општина Карпош, како единствена општина на Балканот, се стекна со исклучително признание од сферата на заштитата на човековата околина и заштеда на енергија.
Пред повеќе од 500 присутни учесници на конференцијата, делегати, членки на Алијансата, експерти, научни работници, владини претставници и претставницо од НВО секторот, „Климатската увезда“ на Општината и на Градоначалникот Јакимовски им ја врачи Климатската Алијанса, најголемата мрежа во светски размери на градови, општини, региони, држави и организации, со 1.700 членки од 26 земји од Европа.
За прв пат од своето 26 годишно постоење, од 1990 година, Климатската Алијанса, ја врачува оваа престижна награда, своевиден „европски оскар за екологија“, во рамки на меѓународната конференција „Културата на локалните климатски акции-посочување на добра практика“. Притоа, оваа влијателна алијанса која претставува 50 милиони жители од Европа, и е фокусирана на климатската заштита и заштитата на животната средина, одлучи да ја награди Општина Карпош за успешно реализираните проекти: мегапроектот за реконструкција на 164 фасади на колективни станбени објекти со енергетско ефикасни фасади, повратот на дел од средствата на физички и правни лица кои изградиле енергетски ефикасни објекти, за затополувањето на училиштата во локалната самоуправа и на новата општинска зграда со обновливи извори на енергија, за замената на севкупното улично осветлување со „штедливи“ светилки, како и фактот што, иако нема законска обврска, локаланата власт самостојно го оддржува зеленилото и хигиената во Општината.
Кликнете ТУКА за видеото од Европската климатска алијанса