Општина Карпош доби донација од Кинеската Амбасада, од 98 противпожарни апарати од типот С-9.  Целта nа оваа донација е замена на старите и дотраени противпожарни апарати во основните училишта на територија на локалната самоуправа, и со самото тоа зголемување на безбедноста во образовните институции.