КАСТРЕЊЕ НА СУВИ ГРАНКИ ВО ПОВЕЌЕ НАСЕЛБИ НИЗ КАРПОШ
- август 19, 2020
- 0
Комуналните служби на Општина Карпош започнаа акција за кастрење на суви и надвиснати гранки, кои претставуваат потенцијална опасност за минувачите, а можат да направат и поголема материјална штета.
Акцијата за уредување на зеленилото започна од Карпош 4, од улицата „Разловечко востание“, а деновиве ќе продолжи и по другите населби.
Станува збор, единствено за кастрење на гранки, додека сечењето на стари и болни дрвја се прави исклучиво од екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ (целата постапка: http://parkovi.com.mk/parkovski-elementi/).
Во летниов период, локалната самоуправа работи на уште поголемо одржување на зеленилото. Покрај уредувањето, се води сметка и за наводнување на зелените површини и новозасадените дрвја, а воведена е и двосменска работа на комуналните служби за да се обезбеди уште позелен и почист Карпош.