КАСТРАЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА БЕЗДОМНИ МАЧКИ И МАЧОРИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
- март 18, 2026
- 0
Започнувајќи од 18 март 2026 година, па сé до исцрпување на средствата, Општината Карпош стартува со активноста субвенционирање на кастрација и стерилизација на бездомни мачки и мачори.
За таа цел, Здружението за заштита на животните “АМОС Скопје”, во соработка со ветеринарните амбуланти “Др. Јасминка Ван Дер Флиер ДООЕЛ” и “Пет Виталити ДОО”, ќе вршат бесплатна стерилизација и кастрација на бездомни мачки, а предвидено е оваа акција да опфати околу 250 мачки.
Сите заинтересирани граѓани кои се грижат за бездомните мачки, можат да добијат повеќе информации на Facebook страната на Здружението АМОС на следниот линк:
https://www.facebook.com/share/1CH7g8EDMq/
или можат директно да се обратат во ветеринарните амбуланти:
- Др. Јасминка Ван Дер Флиер ДООЕЛ – бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-12 (контакт телефон: 078 372 003)
- Пет Виталити ДОО – бул. Партизанска 2 бр.8-1 (контакт телефон: 02 5400 040)
Напомена: Субвенционирањето се однесува исклучиво на стерилизацијата и кастрацијата, сите други услуги не се предмет на субвенционирање од страна на Општината Карпош









