КАРПОШ ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ЕНЕРГЕТСКИ – ЕФИКАСНИ ФАСАДИ, САНАЦИЈА НА ПОКРИВИ И ПОСТОЕЧКИ ЛИФТОВИ НА ЗГРАДИ
- мај 16, 2020
- 0
Општина Карпош ги објави јавните повици за субвенционирање на енергетски ефикасни фасади, санација на покриви и постоечки лифтови на станбени згради.
Во врска со субвенционирањето на обнова на фасадите, поддршката од Буџетот на Карпош ќе биде во висина од 30% , но не повеќе од 600.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата.
Кога станува збор за санација на покриви, финансиската поддршка исто така ќе биде во висина од 30 отсто, не не повеќе од 150.000 денари, додека за санација на постоечки лифтови, ќе се субвенционира максимум до 200.000 денари.
Право на учество на јавните повици имаат сите заедници на сопственици или управители на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во Општина Карпош, како заедници на сопственици или управители.
Локалната самоуправа го промени начинот на субвенционирање на ваков тип реконструкции и постапи по препораките од Државниот завод за ревизија.
Средствата за субвенционирањето на реконструкција на фасади, покриви и постоечки лифтови се предвидени во Буџетот за 2020 година, а јавните повици се објавени на огласната табла на официјалната веб страна www.karpos.gov.mk .
Повеќе информации за условите:
https://bit.ly/3fTdCcp (Јавен повик за субвенционирање на ЕЕ фасади)
https://bit.ly/2WAbP4n (Јавен повик за санација на покриви и постоечки лифтови).