КАРПОШ ЌЕ ДОБИЕ „НОВОГОДИШЕН ЛИК“
- декември 12, 2017
- 0
Во пресрет на новогодишните празници, украсувањето на локалната самоуправа e постојано актуелна тема за новинарите . Градоначалникот на општина Карпош изјави дека оваа година Општината ќе има домаќински пристап во празничното красење:
– Планирани се помали средства за новогодишно украсување. Целта е граѓаните да ја почувствуваат новогодишната енергија, но и да водиме сметка за сите наши сограѓани. Затоа дел од финансиите ќе се пренаменат за социјално – загрозените граѓани и домаќинства, одговори Богоев.
Општината Карпош оваа година ќе издвои 2 милиони денари за украсување на Општината, во споредба со мината година кога биле издвоени 7 милиони денари.
Украсувањето ќе се спроведе на следниве локации: плоштадот “Делфина”, платото “Млечен”, платото во Карпош 3, кружниот тек кај гимназијата “Георги Димитров”, плоштадот во Урбаната заедница “Пеце Божиновски Кочо”, паркот “Македонија” и платото во “Бардовци”.