Старувајќи од денеска, локалната самоуправа распиша Јавен оглас за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици – спортисти, за учебната 2023/2024 година кои воедно се жители на Карпош, и кои учат во VIII и IX одделение  во основните училишта на територија на општината. Стипендистите ќе бидат рангирани во две категории од каде ќе зависи и висината на стипендијата која ќе ја добиваат. Имено, за освоени  три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно, додека пак, за освоени до 2,50 бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно.

 

Согласно условите да стипендирање, апликантите треба да се жители на Карпош (според адреса на живеење) и треба да обезбедат потврда  од училиштето дека се ученици во VIII или IХ одделение.

 

Следствено на тоа, основците треба да исполнуваат и одредени критериуми за да учествуваат на Јавниот оглас, односно потребно е да имаат постигнато одредени индивидуали спортски резултати, потврдени од матичната национална спортска федерација и да се во согласност со календарот на натпревари на националните федерации за периодот од 01.09.2022 година до 31.08.2023 година:

 

  • државно првенство, oсвоено индивидуално I место (3 бода);
  • државно првенство, oсвоено индивидуално II место (0,5 бодa);
  • репрезентативец на Македонија, да има учество најмалку на еден натпревар и да се наведе кога, каде и со кого бил натпреварот (да се достави копија од записник или друг доказ од натпреварот), (3 бода);
  • награда за индивидуални постигнување на државно првенство или постигнување на рекорд (3 бода);

Останати успеси и резултати, нема да се земат предвид.

 

Апликантите треба да ги достават следниве документи:

  

  • Биографија на спортистот,
  • Потврда од клуб дека е нивен член (фотокопија од спортска легитимација)
  • Важечки документ (потврда) издадена од матичната национална федерација за спортските успеси и резултати.

Притоа, апликантите треба да ги достават документите во затворен плик во Архивата на Општина Карпош (барака 2), или по пошта  на ул. Радика бр. 9 – Скопје, со назнака „За доделување на Стипендии за талентирани спортисти жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение за 2023/24 година. Крајниот рок за поднесување на документите е заклучно со 05.09.2023 година, а доколку документацијата на кандидатите не биде комплетна или пак, не е навремено доставена, истата нема да биде разгледувана.

 

Важно за напомена е дека еден кандидат може да оствари право само на една стипендија. Кандидатите кои аплицирале – конкурирале за повеќе различни стипендии по објавени огласи (спорт или образование) од Општина Карпош и ги исполнуваат условите за добивање на повеќе од една стипендија, ќе добијат известување од службите во општината и врз основа на сопствен избор ќе се определат за една од стипендиите.

Целиот оглас погледнете го на следниов линк https://bit.ly/3QSsWeB