КАРПОШ СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ – УЧЕСНИЦИ НА НАТПРЕВАРИ
- април 23, 2021
- 0
Учениците од Карпош можат да аплицираат за финансиска поддршка од Општината за учество на националните и меѓународни училишни натпревари по природни науки, македонски јазик, општествени науки, како и спортски натпревари. Иако овие натпревари се спроведуваат во посебни услови заради пандемијата со КОВИД – 19, сепак со буџетската програма на Одделението за образование за 2021 година предвиден е вкупен буџет од 150.000 денари за поддршка на ученици и ментори за учество на натпревари на национално ниво, како и буџет од 150.000 денари за поддршка на ученици за учество на меѓународни натпревари.
Средствата се доделуваат со приложена документација за учество на натпревар, цел на трошоците и податоци за ученикот. Добиените финансии можат да се искористат за патни трошоци, котизација, сместување или за дополнителни тренинзи и обуки пред натпреварот.
За тоа кому од апликантите ќе се додели финансиската поддршка одлучува посебно формирана комисија, составена од членови на Советот и претставници од Одделението за образование.
На овој начин, локалната самоуправа ги мотивира учениците и менторите и во тек на пандемија. да не застанат во надградбата на знаењето, натпреварувачкиот дух и желбата за учење и докажување кај младите.