КАРПОШ СО ПОДДРШКА ЗА СПОРТОТ
- мај 18, 2016
- 0
Денеска, во амфитеатарот на Технолошко- Металуршкиот факултет, претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски, ја отвори четириесет и деветтата седница на која советниците расправаа по осум Предлог- точки.
Без дискусија со консензуално гласање, беше усвоена Одлуката за наградување на професори– тренери и индивидуално прогласени ученици спортисти во училишните спортски игри Карпош 2016. Исто така едногласно беше прифатена Одлуката за разрешување на ликвидатор на Јавното претпријатие за дистрибуција за дистрибуција на природен гас КАР- ГАС Скопје во ликвидација и Предлог- Одлуката за поништување на Одлуката за бришење на Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас КАР- ГАС Скопје во ликвидација од трговскиот регистар при Централен регистар на Република Македонија од 05.10. 2015 година. На оваа седница советниците од Општина Карпош го усвоија и Заклучокот на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 до 31.03.2016 година.