КАРПОШ СО ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД БАРДОВЦИ
- ноември 7, 2017
- 0
Општина Карпош и оваа година им излезе во пресрет на бардовчани кои се познати како традиционални производители на зелка, со цел, подобар пласман на нивните земјоделски артикли.
Имено, на почетокот на месец ноември, кога започнува сезоната на зелката, Општината постави околу 40 тезги на сезонскиот пазар кој се наоѓа во близина на локалитетот Скупи. На овој начин, локалната самоуправа им помогна на своите сограѓани, кои традиционално ја продаваат својата прочуена бардовска зелка, тоа да го направат поорганизирано и похигиенски. Во таа насока, општината им ги отстапи своите тезги на продавачите, на времено користење и без никаков надоместок.