Општина Карпош во духот на солидарноста ќе испрати хуманитарна помош за Мексико, државата која  деновиве се соочи со силен земјотрес  којшто однесе голем број човечки жртви и причини огромна материјална штета.

 Цели населби во Карпош постземјотресно се подигнати токму со солидарност на многу држави од целиот свет, меѓу кои и Мексико. Една улица во Карпош, во знак на почит и  благодарност за пружената помош, пред повеќе од пет децении  го носеше името името Мексичка е сега е Петре Пирузе -Mајски.

 

 Оттаму, во вакви исклучителни моменти, локалната самоуправа сочувствува со граѓаните на Мексико и има морална обврска да возврати за солидарноста на оваа пријателска земја.