КАРПОШ СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
- март 25, 2021
- 0
Општина Карпош се приклучува кон акцијата „Час на планетата Земја“, најголемата светска волонтерска акција. Во сабота (27.03.2021), од 20:30 часот, локалната самоуправа ќе го изгасне јавното осветлување на три локации: плоштадот „Делфина“ во Влае 2, плоштадот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во урбаната заедница „Пецо Божиновски – Кочо“ и платото на „Млечен“, во УЗ „Владо Тасевски“.
Со гасењето на светилките, во времетраење од еден час испраќаме силна порака за спас на планетата Земја. На овој начин се потсетуваме на значењето на електричната енергија, но и влијанието на климатските промени.
„Часот на планетата Земја“ е акција која ја истакнува и одговорноста на секој чинител за одговорно однесување кон животната средина.
Кон акцијата може да се приклучи секој граѓанин или деловен субјект, со тоа што ќе го исклучи светлото во определениот час, но нема да ја загрози својата лична и јавна безбедност.