Нашиот главен град Скопје, денес по петти пат се придружи на иницијативата Winter Bike To Work Day. Станува збор за глобална акција која треба да ја подигне јавната свест и да поттикне што поголем број на луѓе да го користат велосипедот како превозно средство, не само овој ден, туку секојдневно.                                                 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се приклучи кон иницијативата и на работното место пристигна со својот велосипед. 

Исто така, дел од општинската администрација, како и голем број на ученици од основните училишта се приклучија кон оваа вело – активност.

Во меѓувреме, Општина Карпош објави и повик за субвенционирање на велосипеди, при што се субвенционирање 30% од цената на велосипедот, но најмногу до 3.000 денари.

Повеќе информации на:

 https://karpos.gov.mk/page/Subvenciizavelosiped2019