КАРПОШ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗАЗЕЛЕНУВА -СДСМ МАНИПУЛИРА
- јуни 14, 2016
- 0
Најгрдиот дел во Скопје е Дебар Маало, чиј творец е главниот „урбанистички апологет“ на СДСМ Мирослав Грчев, а второто место по урбана грдотија е Стара рампа во Кисела Вода, чиј идеен творец е Љупчо Димов поранешен градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ.
Активистите на оваа партија преку разни форми се мачат да соберат едвај 150-тина луѓе прибрани од цело Скопје за наводна урбана загрозеност на Карпош. Очекуваме наредниот пат дури и да увезат демонстранти за да симулираат незадоволство во Општината, која што е најпосакувана за живеење, која има најмногу зеленило и која троши од сопствениот Буџет за одржување на хигиената и зеленилото.
Општина Карпош е најцветната општина во Градот и пошироко. Во текот на есента и зимата, насадени се над 1.500 садници млади дрвја, со што зеленилото во Карпош само дополнително се збогатува и зголемува. Оној кој што не сака тоа да го види, очигледно е заслепен од политичката манипулација на СДСМ, а ние и натаму ќе ја развиваме општина Карпош според потребите и желбата на граѓаните.