Отвореноста, отчетноста и транспарентноста се принципи на кои треба да се базира работењето на секоја современа општина која работи во интерес на граѓаните.

Токму ова е и целта на Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност која денеска ја потпиша градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев заедно со шест градоначалници од Градот и републиката, во рамки на регионалниот проект за Југоисточна Европа кој го финансира ЕУ, а кај нас го спроведува фондацијата „Метаморфозис“.

 

Во присуство на повеќе градоначалници од скопските општини, како и претставници од граѓанскиот сектор Богоев ја повтори заложбата за транспарентно и достапно работење.

 

–                    Примарна цел на Општината е вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот. Затоа, во овој период од годината се среќаваме со различни целни групи, организации чии предлог – проекти ќе ги вметнеме во Буџетот. Намерата е веќе следната година да имаме вистинско партиципативно буџетирање, запазувајќи ги сите принципи и чекори, рече Богоев.

 

Во дел од урбаните заедници на Општина Карпош се организираа форуми каде што граѓаните имаа можност да ги дадат своите предлози и сугестии за Буџетот за 2018-та година.

 

Достапноста на општината е видлива и преку тековните средби со граѓани на градоначалникот, секретарот и претставниците на Советот.

 

Во своето завршно обраќање, Богоев ја акцентираше потребата и од резултатско ориентирано работење. Тоа значи мерливи и видливи резултати од трошењето на буџетските средства.

 

–                    Општина Карпош креира механизми преку кои граѓаните ќе имаат увид за секој потрошен денар. Транспарентноста да ја практикуваме во вистинска смисла, а не декларативно, впрочем тоа  е и целта на оваа Декларација, истакна градоначалникот на Општина Карпош.

 

Извршниот директор на Метаморфозис Бардил Јашари најави продолжување на проектот и ново мерење на транспарентноста на локалните власти, министерствата и судството во шест држави од регионот и тоа Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово кое почнува наскоро и ќе трае до април идната година. Тое е прилика, а самата Декларација импулс, да се подобриме на планот на отчетност и отвореност на локалните власти, посебно што доскоро бевме на дното на листата во регионот.

            Домаќинот на настанот и коорганизатор, заедно со Општинса Карпош, градоначќалникот на Гази Баба, Борис Гергиевски, нагласи дека транспарентноста на општините треба да се засили токму во сферата на буџетската политика и буџетските трошења.

 

По завршување на настанот, дел од новинарите поставија прашања на актуелни теми, како што е загадувањето на општините и новогодишното украсување.

 

Богоев ги објасни мерките кои секојдневно ги презема Општина Карпош за справување со загадувањето. Отворена е телефонска линија преку која граѓаните може да пријавуваат загадувачи на територија на Карпош. Редовно се чистат и мини депониите во Карпош, а во соработка со Град Скопје спроведовме акција за темелно чистење на нашата Општина, изјави градоначалникот на Карпош.