Минатиот вторник, (27.12.2016) во просториите на Град Скопје се одржа работна средба со претставници од скопските општини, по повод превенција од загадување на амбиенталниот воздух во главниот град на Македонија.

На координативниот состанок присуствуваше и овластената инспекторка за животна средина од Општина Карпош, Гордана Максимовска, која ги усогласи обврските и насоките од Градскиот сектор за инспекторат.

 

Водејќи се според договорените препораки, инспекторката од Општина Карпош изврши контрола на 54 правни субјекти кои функционираат на територија на локалната самоуправа, чија основна дејност е преглед и сервисирање на возила, (автосервиси, автомеханичарски работилници, автоперални и вулканизери). По извршената контрола се изготвија записници, врз основа на кои се изработија задолженија до правните субјекти, да достават количини на отпадното моторно масло со кое располагаат и да извршат мерења на воздухот.

 

Откако правните субјекти ги доставија податоците, Секторот инспекторат при Општина Карпош уредно ја евидентираше статистиката во базата на податоци од Регистарот на загадувачи на локалната самоуправа. Во прилог на преземање на мерките за превенција од загадување, овластениот инспектор за животна средина, во континуитет врши надзор и увид на постојните и нови автосервиси, каде се постапува согласно барањата на законската регулатива за инспекциски надзор.