КАРПОШ ПРОДОЛЖУВА СО АКТИВНОСТИ ВО РАМКИ НА ИНКЛУЗИВНОСТА НА РОМИТЕ ВО ДЕТСКИТЕ УСТАНОВИ
- септември 14, 2026
- 0
Денеска во Клубот на пратеници, се одржа средба во чии рамки беа потпишани трипартитни договори за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, вклучувајќи ја Општина Карпош и детските градинки на нејзина територија. Оваа активност се одвиваше во рамки на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“, а во Општина Карпош се реализира 16 години, и тоа во предучилишните установи „Пролет“ и „Сончогледи“ во населбата Влае 1.
Целта на проектот е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.
Оваа година, во градинката „Сончогледи” во Влае 1 се згрижени вкупно 19 деца од ромска националност кои се жители на населбата Злокуќани. Овој проект ги опфаќа предвидените активности во рамки на Програмата на општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година.









