Во знак на унапредување на животната средина, хуманизација на просторот, како и општествена и социјална инклузија, Општина Карпош денеска склучи Меморандум за соработка со „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“.

 

Со овој Меморандум се предвидуваат многубројни активности, проекти и заеднички настани, чија примарна цел е подобрување на условите за живот во Карпош и градење на модерна и функционална локална заедница.


Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев го изрази своето задоволство од поддршката која „Лајонс клубот“ ја дава на граѓаните на оваа локална самоуправа.

 

–                    Убеден сум дека ќе имаме успешна соработка во повеќе сегменти, особено во делот на унапредување на зеленилото во Карпош и заштита на животната средина, како област која е од особено значење за сите страни, потенцираше Богоев.

 

Добрата соработка меѓу Општина Карпош и „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ беше најавена уште на крајот на минатата година. Имено, грижата за здравјето на најмладите карпошани се манифестира со спроведувањето на бесплатните очни прегледи за учениците од сите 10 основни училишта во Карпош, (до трето одделение).

 

Претставникот на „Лајонс клубот“ посочи дека во оваа невладина организација, која е една од најголемите на светско ниво, постои вистински елан и желба за уште поголем придонес во различни сфери од општественото живеење. Општествената одговорност што ја покажуваа оваа организација треба да претставува пример и патоказ за работа и на другите субјекти кои сакаат да работат на своето влијание и углед во средината.