КАРПОШ ПОВИКУВА НА ХУМАНОСТ
- април 7, 2021
- 0
Од 12.04.2021 година (понеделник) до 16.04.2021 (петок), сите граѓани на општина Карпош ќе имаат можност да донираат прехранбени продукти и средства за хигиена, за домаќинствата во социјален ризик. Производите можат да се донираат во просториите на урбаните заедници (УЗ), од 08:00 часот до 15:00 часот.
Локациите и контактите од УЗ можат да се најдат на следниот линк: https://bit.ly/39Q1oA2.
Станува збор за хуманитарната акција „Подај рака – донирај за твојот сосед“, која општина Карпош ја спроведува во пресрет на Велигденските празници.
Основната цел е да се помогне на социјално – загрозените граѓани и домаќинства.
Веќе втора година живееме и во ек на светска пандемија од КОВИД – 19. Во овие моменти, вредностите како хуманост, солидарност и емпатија треба да бидат уште поизразени, а поддршката за најсиромашните уште поголема.
Од таа причина, општина Карпош ги повикува сите жители на Карпош да ја покажат својата хуманост и да донираат трајни прехранбени продукти/средства за хигиена во урбаните заедници. Во акцијата ќе се вклучи и општинската администрација на Карпош.
При спроведување на донацијата, задолжително да се спроведуваат мерките за заштита од КОВИД – 19 (да се носи маска, да се држи дистанца и да не се задржуваат подолг временски период во просториите на УЗ).