КАРПОШ МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ ПО РОДОВА ЕДНАКВОСТ
- декември 29, 2018
- 0
Општина Карпош се најде на петтото место и се квалификува како високо рангирана од вкупно 81 општини во државата, според Индексот на родова еднаквост. Ова е разултат од истражувањето на РЕАКТОР, непрофитна истражувачка организација (think-tank) кое беше промовирано неодамна.
Индексот на родова еднаквост дава споредливи показатели меѓу сите општини за статусот на жените и мажите во различни сфери од живеењето. Тој е добиен како композит на три домени: родови јазови, овозможувачки услови и родово одговорна општина. Во првата област индексот овозможи преглед на разликите меѓу жените и мажите во општините во домените на економијата, образованието и политичкото учество. Втората област ја споредува застапеноста и достапноста на услуги и сервиси во општините кои се важни и неопходни за жените.
Последната област ги прикажува напорите што самата општина ги прави во спроведување и креирање на политики, програми и издвојување на буџетски средства за надминување на системските бариери за жените, односно, анализира колку општинските стратегии, програми и буџети влијаат на фактичко подобрување на животот на жените.
Севкупното вреднување на општините беше мерено на скала од 1 до 100. На таа скала, Карпош доби забележителни 43 индексни поени, од максимум освоените 59.
Забележителното петто место во напорите и вложувањата што ги прави Општина Карпош на прашањето на родова еднаквост, едновремено е и признание, пример за добра практика, но и поттик за натамошно мобилизирање на овој план.
За подетални информации кликнете на овој линк