КАРПОШ Е СИМБОЛ НА СВЕТСКАТА СОЛИДАРНОСТ
- јули 26, 2019
- 0
Скопје се сеќава, а Карпош ја памети солидарноста која светот ја покажал кон нас, по катастрофалниот земјотрес на 26 јули, во 1963 година. Голем број на населби се „воздигнати“ како резултат на помошта на светските метрополи. Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2 се симбол на постземјотресно Скопје.
Во знак на одбележување на денешниот ден, делегација на Општина Карпош предводена од градоначалникот Стефан Богоев, заедно со советничките Елена Антониевиќ (СДСМ) и Светлана Пандиловска (ВМРО-ДПМНЕ) положија свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта во Бутел.
Улиците „Хелсинки“, „Копенхагенска“, „Варшавска“, „Осло“, „Атинска“, „Московска“ секојдневно не потсетуваат, дека во катастрофите не постојат поделби и граници.
Спортскиот центар „Партизан“ и денеска поврзува повеќе генерации и повторно ќе биде симбол на модерен и солидарен Карпош.
Во овој дух, секојдневно да ја практикуваме солидарноста и да се сеќаваме на моментите кои претставуваат нов почеток за нашата Општина, град или држава.