КАРПОШ ДОНИРА КРВ ЗА ОНИЕ НА КОИ ИМ Е НАЈПОТРЕБНО
- мај 19, 2021
- 0
Повеќе од 50 граѓани, членови на општинската администрација, кадар од градинките и од основните училишта, како и заинтересирани карпошани денеска донираа крв во рамки на крводарителската акција на општина Карпош, Институтот за трансфузиона медицина и Општинската организација на Црвен крст – Карпош.
Крводарителската акција ќе трае до 17:00 часот, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ (Карпош 3). При донирањето на крвни единици се почитуваат протоколите и мерките за заштита од КОВИД – 19.
Градоначалникот Стефан Богоев им се заблагодари на сите граѓани, колеги, кои и во ек на пандемија ја покажуваат својата хуманост и солидарност:
- Особено е важно да се донира крв и во услови на пандемија. Овие крвни единици им помагаат на нашите сограѓани кои во овие моменти се лекуваат по болниците од различни болести.Хуманоста и солидарноста Карпош ја покажува секојдневно преку различни акции и активности. Неодамна дониравме повеќе од 150 пакети за социјално – загрозените домаќинствa, а доделивме и душеци за најранливите, рече Богоев.
Пандемијата со КОВИД – 19 и во голеам мера ги истакна разликите во општеството и вистинските потреби на луѓето. Оттука, локалната самоуправа ги повикува сите граѓани, комптании, организации, во рамки на своите можности, да бидат хумани и општествено одговорни.