Под мотото „Локалната демократија ќе ја спаси демократијата“, од 6-ти до 9-ти јуни во Брисел се одржа генералното собрание на Европската Агенцијата за Локална демократија – АЛДА. Имено, во свечената сала на бриселската општина Етербек, претставниците од Општина Карпош имаа одлична можност непосредно да се запознаат со активностите на АЛДА, како и да дознаат повеќе за отворените алтернативи кои нудат меѓународна соработка меѓу овие две институции.

Во рамки на манифестацијата, советникот за соработка со невладини и меѓународни организации при Општина Карпош, м-р Роберт Јанковски, ја прими дипломата за меѓуопштинска и меѓурегионална соработка во име на локалната самоуправа. Во таа пригода беше акцентирана истакната улогата на општината, особено при развојот на локалната демократија како и кон вклученоста во мрежата на АЛДА.

Ориано Оточан, претседателот на организацијата, заедно со Антонела Валморбида, генералниот секретар, ѝ посакаа добредојде на нашата општина во големото семејство на АЛДА и упатија искрени желби за успешна идна соработка, во насока на зајакнување на локалната демократија.

Општина Карпош како институција присуствуваше на голем број панел-дискусии, при што оствари блиски контакти со голем број на локални, регионални и меѓународни општини и организации од регионот.