КАРПОШ ГО ОДБЕЛЕЖА СПОМЕНОТ ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС
- јули 26, 2018
- 0
По повод педесет и пет годишнината од силниот земјотрес кој го погоди Скопје, претставници од Општина Карпош положија свежо цвеќе на спомен-обележјето на настраданите на градските гробишта во Бутел. Советниците од Советот на локалната самоуправа Филип Даскаловски, Емилија Ризеска- Спасова и Светлана Пандиловска оддадоа почит на загинатите скопјани од разурнувачкиот земјотрес во 1963 година.
Претставници од Владата на Република Македонија, градоначалници, советници, претставници од политички партии, граѓански здруженија, како и од дипломатскиот кор во земјата, исто така положија цвеќе, со што го испочитуваа споменот на оваа катастрофа.
Скопскиот катастрофален земјотрес се случи утрото во 5:17 часот на 26.07.1963 година, оставајќи преку 1./000 жртви, десетици илјадници повредени, огромен број на разурнати градби. Во повторното подигнување и изградба на градот, се вклучија над 90 земји, од сите страни на светот, Организацијата на обединетите нации, и Меѓународниот црвен крст, со што градот Скопје го доби епитетот – град на светската солидарност.