Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание за млади на општина Карпош е еден од чекорите за формирање на локалниот младински совет.

Општина Карпош го објави јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание за млади.

Ова тело ќе биде составено од 5 членови, а во истот може да членуваат претставници на: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации, млади од 15 до 29 години и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општината.

Јавниот повик, со сите потребни документи и услови е достапен на www.karpos.gov.mk , во делот „Огласна табла“, на следниот линк: https://bit.lY/2S57Rkt

Сите заинтересирани ќе можат документите да ги достават по електронски пат, до службеникот за млади на општина Карпош, Борис Чурлинов (boris.curlinov@karpos.gov.mk) или во Архивата на општина Карпош (ул. „Радика“ бр.9).

Јавниот повик ќе биде отворен седум работни денови (заклучно со 11 мај).

 

Формирањето на локалниот младински совет ќе придонесе за унапредување на состојбите на младите на локално ниво. Младинскиот совет ќе креира активности и политики за млади согласно Законот за младинско учетво и младински политики.