КАРПОШ ГОСТУВАШЕ НА РОДЕНДЕНОТ НА ВРЊАЧКА БАЊА
- јули 18, 2017
- 0
Минатиот викенд, делегација од општина Карпош гостуваше на свечената манифестација која ја организираше збратимената општина Врњачка Бања, по повод 149 години од своето постоење. Во рамки на протоколот, во петокот вечерта се одржа и свечена седница на која се обрати градоначалникот на општина Врњачка Бања, Бобан Ѓуровиќ, а во таа пригода беше организирана и пригодна културно-уметничка програма.
Веќе следниот ден, на главната улица во центарот на градот се одржа богата карневалска вечер, каде што, освен уметниците од Македонија, се претставија и егзибиционисти од соседството и од повеќе дестинации од светот. На средба со градоначалникот Ѓуровиќ, претставниците од општина Карпош разменија позитивни искуства, планови и проекции од областа на локалниот економски развој. Инаку, со потпишување на протоколот за соработка во ноември 2013 година, општина Карпош се збратими со општина Врњачка Бања.