Покрај редовнитата есенска ( октомври/ ноември), и пролетна ( март/ април), дезинфекција, дезинсекција и  дератизација која секоја година  ја спроведува Општина Карпош,  во сите десет  основни училишта и сите градинки кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, се  реализираше    вонредна дезинфекција. 

Раководителот на Одделението за заштита и спасување на граѓани и материјални добра, при Општина Карпош  Раде Мицковски истакна дека оваа вонредна дезинфекција се спроведува поради појавата на сезонскиот  грип.

 

–                    Ние како локална самоуправа, оценивме дека поради  превенција од грипот,  е потребно  да ги  дезинфицираме основните училишта и градинките во Карпош. Средствата кои се користат при дезинфекцијата се еколошки, и не претставуваат никаков ризик при здравјето на учениците и вработениот кадар во улилиштата и  во детските јавни установи, нагласи раководителот Мицковски.