КАРПОШ ВЛОЖУВА ВО МЛАДИТЕ СПОРТИСТИ
- јуни 7, 2018
- 0
Одбојкарите од ОК „Вардар”, денеска беа во посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, по повод освоеното прво место во кадетската категорија и второ место во јуниорската конкуренција. На средбата со градоначалникот, младите спортисти придружувани од својот тренер и стручен тим ги споделија впечатоците од натпреварите кои се играа во текот на целата сезона.
Имено, „вардарци“ играат од 40 до 50 натпревари на годишно ниво, а вклучени се и во системот на натпревари на Град Скопје. Богоев упати искрени честитки до младите одбојкари и стручниот тим, со надеж дека успесите ќе продолжат и во претстојниот период.
Исто така, градоначалникот говореше за посветеноста на локалната самоуправа во поддршката на младинските категории во спортот.
– Наша цел е да ги стимулираме најмладите таленти, да им овозможиме подобри услови за тренирање и развивање на вештините. Вербата во спортот ќе ја вратиме ако ги вреднуваме талентот и напорната работа, политичките влијанија и врски мора да станат минато, рече Богоев.
Во летниот период, ќе продолжат подготовките на младите одбојкари преку учество на летни кампови, а како резултат на временските прилики тие ќе имаат и подготовки на песок. Присутните беа уверени дека Општина Карпош значително ќе работи на подобрување на условите во кои тренираат одбојкарите, а тоа подразбира подобри условите во салите и нивна достапност во текот на целата сезона.