КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО – ЗАБАВА, МУЗИКА И ДРУЖЕЊЕ
- август 23, 2018
- 0
Започнува Карпошово културно лето. Од утре, 24.08.2018, па во наредните три дена, граѓаните на Карпош, но и на другите скопски општини ќе може да уживаат во добра музика, забава и дружење.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ги повика сите граѓани да се придружат на платото на ТЦ Лептокарија и да бидат дел од програмата која е наменета за сите граѓани.
– Оваа година ставаме фокус на македонските изведувачи, пејачи и артисти, а програмата ќе ја води нашиот познат актер и мултимедијален лик, Сашко Коцев.
Имаме содржини и перформанси прилагодени за сите генерации, три вечери исполнети со поп и рок музика, DJ, етно звуци и забава за најмладите, рече Богоев.
ГрадоначалникотБогоев ја објасни и програмата за претстојните три денови:
24.08 – ПЕТОК:
– 19:30 часот, настап на децата учесници н адетскиот фестивал Златно славејче;
– 20:15 часот, настап на Дарио Панковски;
– 21:10 часот, настап на групата НонСтоп;
– 22:00 часот, настап на КристинаАрнаудова.
25.08 – САБОТА:
– 19:30 часот, забава за најмладите со фамилијата на Петко 5+;
– 20:30 часот, ГуруХаре и пријателите: ИгорЏамбазов, Дани, ТањаТас, ДамирИмери – клавијатура, ТрајчеВелков – труба.
26.08 – НЕДЕЛА:
– 20:45 часот, настап нафолклорно студио ЕТНОС;
– 21:00 настап, Чалгија саундсистем;
– 22:00 часот, Златко Ориѓански и БениШаќири.