КАРПОШАНИ ХУМАНО ДАРУВАА КРВ
- мај 21, 2018
- 0
Во организација на Општина Карпош, во соработка со Општинскиот Црвен крст и Заводот за трансфузиологија на Република Македонија, денеска се одржа традиционална хуманитарна крводарителска акција. Вкупно 61 лице се вклучи во благородната акција, која се одвиваше на два пункта: во просториите на урбаната заедница „Влае 1“, како и во училишната сала на ООУ „Лазо Трповски“.
Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, присуствуваше на крводарителската акција во ОУ „Лазо Трповски“, и им се заблагодари на присутните крводарители за покажаната хуманост.