КАРПОШАНИ УШТЕ ЕДНАШ ЈА ПОТВРДИЈА СВОЈАТА ХУМАНОСТ
- август 15, 2016
- 0
Голем број на хуманитарни пакети со конзервирана и сува храна, средства за лична хигиена, прибор за чистење, кофи, ракавици за чистење и други најнеопходни средства, донираа граѓаните на Општина Карпош во хуманитарната акција за поплавените граѓани.
Во организација на Општината, пред осум поголеми маркети на територијата на локалната самоуправа, хуманите карпошани се солидаризираа со своите настрадани граѓани. Со оваа симболична помош, граѓаните на Општина Карпош дадоа придонес во санирањето на последиците и штетите кои настанаа во големата поплава, која го зафати Градот Скопје и неговата околина пред една седмица.