Денеска, во организација на Општина Карпош со Општинскиот Црвен Крст и Заводот за трансфузиологија се одржува  традиционалната  крводарителска акција. Граѓаните можат да даруваат крв од 10:00 -17:00 часот. Општинската администрациј,а но и голем број на карпошани  кои оваа година го надминаа бројот на административците-крводарители се вклучија во оваа хумана и благородна акција.

 

До 15:00 часот вкупно 90 крводарители дарија крв. Повеќе од  две децении оваа акција се одржува во Општина Карпош. Следната крводарителска акција ќе се одржи  наесен, односно на почетокот на ноември.