КАРПОШАНИ ЗА ОДГОВОРНО РОДИТЕЛСТВО
- март 1, 2016
- 0
Вчера, во детската градинка „Распеана младост“, претставниците од одделението за детска, здравствена и социјална заштита од општина Карпош и стручните лица од детската амбасада „Меѓаши“, одржаа работната средба. Во рамки на дискусијата на тема „одговорно родителство“, присуствуваа и директорките на детските градинки кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа.
Присутните разговараа за индикаторите за препознавање на телесното казнување на децата, емоционалната и сексуалната злоупотреба на децата, како и за соработката со семејствата и двостраната комуникација на релација воспитувач-родител. Низ стручната расправа се констатираше дека партнерството со родителите придонесува за побрз воспитно-образовен развој на децата.
Инаку, општина Карпош има потпишано меморандум за соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.