Со пригодна манифестација, основците од  ООУ „Аврам Писевски” денеска го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Упатувајќи универзални пораки за љубов, мир и соработка на трите јазици кои се изучуваат во ова училиште, (македонски, ромски и албански),  учениците   покажаа дека се грижат за своето културно наследство.

Денешната прослава која се организира веќе трета година по ред, ја збогатија и средношколците од  музичкото училиште „Илија Николовски – Луј” со својот сценски настап. 
 
На манифестацијата присуствуваше и директорката на ООУ „Аврам Писевски” – Марина Милеска, која  им се заблагодари на присутните гости и во своето обраќање додаде дека е од исклучително значење грижата за мајчиниот јазик, особено за учениците кои го реализираат образовниот процес во мултикултурна средина. 
 
Во  1999 година, на 30 -тата седница на УНЕСКО, официјално овој ден беше прогласен за светски Ден на јазикот.