КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ВО КАРПОШ
- октомври 3, 2026
- 0
Денеска, градоначалникот Сотир Лукровски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и премиерот Христијан Мицкоски , беа на увид на изградбата на мостот на ул. Љубљанска.
Станува збор за еден од поголемите капитални инфраструктурни проекти во Скопје, кој се реализира со поддршка на Владата на Република Северна Македонија. По завршувањето, мостот ќе обезбеди нова сообраќајна врска меѓу „Љубљанска“ и „Скупи“, подобра поврзаност на северниот и западниот дел од градот и растоварување на постојните сообраќајни правци.
Заедно можеме секогаш повеќе.









