Екипата од Општина Карпош која ја одржува јавната хигиена, денеска го расчисти одронот на улица „Ловќенска“ 9 која се наоѓа во населбата Козле. Имено, стручните лица од локалната самоуправа по барање на локалното население излегоа на терен и го исчистија непроодниот дел, долж целиот коловоз.

 

Со оглед на тоа што се работеше на стрмен терен, општинските екипи користеа соодветна механизација, односно комбиниран ровокопач / натоварувач, кој локалната самоуправа го набави со добиените средства од Светска банка во вид на грант за успешност.