Инфраструктурното градење во Општина Карпош, продолжува со засилено темпо. Во населбата Нерези, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во изјава за медиумите ја најави финалната реализација на улиците кои се асфалтираат, со што ќе се подигне квалитетот на урбаното живеење во ова населено место.

 

Завршуваме со асфалтирање на улиците ,, Козле’’ 3, 5, 8 и 10, со вкупна должина од седумстотини метри. Вредноста на проектот е 5.100.000 денари, a работите ги изведува градежното претпријатие ,, Бетон’’. Во исто време ја завршивме улицата која што води од последна ,, 57 –ца’’  до црквата ,, Св. Пантелејмон’’, која е во должина од седмумстотини и десет метри, со вредност од околу 4.500.000 денари, со што целокупниот овој проект на серија реконструкции на улици во нерези достигнува вредност од 9.600.000 денари, сумираше првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. -На оваа улица, рече тој, поставивме и фекална канализација, на која веќе дел од граѓаните од улиците 8 и 10 се приклучија на оваа канализација. Со ова и понатаму продолжуваме да работиме на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Нерези, и ни останува да ја направиме канализацијата која што продолжува по ,, Козле’’ 3 и да го затвориме отворениот канал кој што води во езерата во Градскиот парк.

Со сите овие проекти, сите барања кои ги имаа доставено  граѓаните на Нерези, Општина Карпош во тековната 2016 година целосно ќе ги реализира, образложи Граданачалникот Јакимовски.